СДСМ остава простор да учествува на изборите на 5 јуни

 

Голем дел од функционерите на СДСМ очекуваат опозицијата сепак да се појави на изборите на 5 јуни и покрај вчерашната најава на Зоран Заев дека ќе го бојкотира соочувањето со граѓаните. Партиски извори од Бихаќка велат дека партијата ќе остави простор уште десетина дена по што се очекува да се вклучи во изборната трка.
И опозицискиот лидер Зоран Заев вчера остави отворена врата СДСМ сепак да се појави на изборите.
СДСМ повеќе од еден месец повикува учество на 5ти јуни на избори. И тоа  е наша јасна определба. Ние го нарачавме целиот рекламен материјал за изборите, ја испечативме нашата Програма, флаери, брошури во преку 500 илјади примероци. Ние сме комплетно организирани во штабски стриктири,  три пати повеќе присутни сме на терен од ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако опозицијата не се бори за регуларни, фер и демократски избори, кој ќе се бори во оваа земја? Оваа борба да, е за власта да падне, бидејќи е автократска и режимска. Но без регуларни, фер и демократски избори, нема шанси Македонија, нема иднина Македонија. Секој момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, а тоа го заслужува секој граѓанин на светот, така и на нашата Македонија. Опозицијата ќе оди на избори и ќе победи на тие избори. “ – рече вчера Заев одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека до 15 април се уште има рок да се пречисти избирачкиот список.
Експертите сметаат дека во периодот кој следи во опозициската коалиција не треба да се очекува мирно море.
За верување е дека дел од партиите во опозициската коалиција ќе вршат притисок врз централата да се излезе на избори условувајќи дека доколку тоа не се случи можно е тие сами да се појават пред граѓаните.
Шанси за самостоен настап од сите сателити на СДСМ имаат само НСДП и ЛДП, но до овој момент од партијата демонстрираат цврст став и верност кон Заев.
Експертите потсетуваат на локалните избори во 2013 година кога токму Заев беше причината поради која Црвенковски го прекина бојкотот и се појави на изборите.

 
 
07.04.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега