Политички трансфери: Поповска бара место во коалицијата на Заев

 

Претседателката на ДОМ Лиле Поповска бара место во коалицијата на Зоран Заев. Упатени извори за Press24 велат дека по излегувањето од коалицијата „За подобра Македонија“ партијата ДОМ е практично пред распад бидејќи огромен де од членството преминало во ВМРО-ДПМНЕ. Истите извори велат дека Поповска е свесна дека сама на избори нема никакви шанси да си обезбеди пратеничко место за себе во Собранието, па затоа, во периодот кој следи таа ќе се обидува да се приклони кон коалицијата на Заев и СДСМ.
Во таа насока и изјавата на Поповска за медиумите контролирани од СДСМ и СОРОС дека нема намера да се појави на изборите.
-ДОМ уште одамна се произнесе дека по никоја основа не се создадени улови за фер и демократски избори и дека проверката на Избирачкиот список се вршеше на несериозен начин. Ние сега немаме никаква основа да го смениме ставот, а одлуката да не одиме на избори ја потврдивме и вчера на Извршен Одбор - изјави Поповска.
Лилјана Поповска во својата политичка биографија има серија политички трансфери од едната на другата страна, па оттука, не се исклучува можноста, повторно да се врати во левичарскиот кампус во надеж дека ќе си обезбеди пратеничко место на изборите.

 
 
07.04.2016 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега