Заев остана сам: Партиите против бојкот на изборите
Опозицискиот лидер Зоран Заев остана изолиран во одлуката за бојкот на изборите на 5 јуни. Освен партијата ДОМ на Лиле Поповска која бара место во коалицијата на СДСМ ниту една од партиите кои нешто значат на политичката сцена не најавува бојкот на изборите.
Павле Трајанов за соросовиот Плусинфо вели дека ќе излезе на изборите на 5 јуни.
„На избори ќе излезам. За исходот од изборите сум неутрален, и засега не би можел ништо да претпоставам околу реакциите на народот“ – вели Трајанов за Плусинфо.
Од останатите партии, за бојкот на изборите се изјаснија Обединети за Македонија кои немаат никаква партиска структура и Достоинство за кои не се знае дали воопшто егзистираат како партија во регистарот поради фактот што не располагаат со партиско членство.
Во албанскиот политички блок бојкот најавува НДП и Унитети. Првата партија помина катастрофално на последните избори а втората се уште не ја побарала довербата од граѓаните.
Конечна одлука се уште немаат донесено во Беса кои исто така се дебитанти на политичката сцена, како и во ВМРО-НП партија која нема освоено пратеник од изборите во 2006 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа