Клековски: Заев даде условен бојкот

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев даде условен бојкот и не ја затвори целосно вратата за избори. Тој посочи дека треба да се направат неколку работи за сите да учествуваат на избори, изјави политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

-Треба да се направи сè што е возможно за да сите партии учествуваат на избори. Оваа т.н. кризна состојба влијае врз целото општество и на животот на граѓаните кои поради овие случувања се во стресна состојба. Кризата го истоштува општеството, а доколку сите фактори направат сè што е во нивна моќ, тешко дека СДСМ ќе одбере да ги бојкотира изборите, анализира Клековски за ТВ Нова.

Има што да се заврши, има работа, а тоа го вели и ЕУ, но и има доволно време ако сите работат во таа насока, дополнува Клекоски.

-Доколку има поместување на договореното и ако нема напредок во спроведувањето СДСМ ќе има изговор за бојкот. Не ни треба враќање во минатото, изјави Клековски.

 
 
07.04.2016 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега