Каракамишева: Одлуката на Иванов има голема политичка тежина

 

Од политички аспект, одлуката на претседателот Иванов има голема политичка тежина, смета универзитетскиот професор Татјана Каракамишева.

karakamiseva

Во гостувањето во ТВ Нова таа истакна дека, Иванов во неколку наврати во своето обраќање посочил на одредена инволвираност на странски служби и странски центри на моќ кои директно ја диригираат ситуацијата во Македонија.

-Сите обвинувања дека одлуката не е уставна и дека претседателот излегол надвор од законите, не се точни. Уставот му дава должност да биде одговорен за државата, за стабилноста на државата и нацијата и да биде татко на нацијата, да ги застапува нејзините интереси. Гледаме веќе странците имаат сериозен проблем да ја „сварат“, и ако добро се анализира ќе се види дека со оваа одлука испраќаме силен политички сигнал до сите оние кои се мешаа во нашата внатрешна политика повеќе од тоа што треба, и неповикано сакаа да бидат мирудија секаде, бидејќи меѓународниот фактор делуваше како влада во сенка. Меѓународните претставници премногу далеку отидоа, вели Каракамишева за ТВ Нова.

Професорката додава дека Иванов со оваа одлука свртел нова страница во политичкото делување и ставил крај на ваквото мешање.

 
 
12.04.2016 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега