Заев во консултација со Црвенковски за уривање на државата
Насилства на протестите на СДСМ и СОРОС не се новина. Исто така и пристапот кон преземање на власта со уривање на државата, пишува Република.

-Лично Зоран Заев на интервју за Алсат-М призна дека имал средба пред неколку дена со Бранко Црвенковски. Како рече, бил да се консултира, бидејќи “не знаел се и не се срамел да праша”.
Притоа порача дека во партијата ја имал поддршката од “бранковистите” и од членството кое беше блиско до претходното раководство на партијата. За време на интервјуто Заев посочи дека партијата пораснала за 9000 нови членови и тоа Албанци, што “го радувало како дете”, пишува порталот.
Врската меѓу Заев и Црвенковски е долга. Заев беше партиски функционер во штабот на Црвенковски, потоа додека Црвенковски беше претседател на државата, го постави Заев за в.д. лидер, да му го чува местото, а Црвенковски го аболираше Заев за криминалот во случајот “Глобал”.
Заев со Црвенковски исто како и сега го доведоа народот на раб на братоубинствен судир. Во ист обид СДСМ да ја превземе власта без избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа