ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ работниците земаа по пет илјади денари

 

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ за минималната плата.

- Граѓаните во Штип убаво се сеќаваа што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затварање на ПИ „Македонка“, затварање на МК „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда“, „Политекс“ и фабриката “Селена“, илјадници наши сограѓани останаа без работа, илјадници семејства во Штип останааа на работ на егзистенцијата. Токму во Штип најсилно се почуствува погубната и криминална транзиција на СДСМ од која во цела Македонија настрадаа 200.000 работници, се вели во реакцијата.

Притоа се посочува дека минималната плата е воведена кога ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт, додека во времето на СДСМ работниците во текстилната индустрија работеле непријавени за плати до 5.000 денари.

- Вработените за кои денес СДСМ зборува беа третирани во нивно време како луѓе од трет ред, без право на достоинствена плата и оставени без елементарната егзистенција, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 
 
13.07.2016 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега