Епилог од средбата во Пржино: Останува отворено уште едно прашање

 

Претставници на четирите партии потписници на Договорот од Пржино,  Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, на синоќешната рунда преговори за излез од кризата во Македонија, постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно. За ова информира евроамбасадорот Аиво Орав по средбата без да прецизира за кое отворено прашање станува збор.

- Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор вечерва. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.

Партиските претставници по средбата не дадоа изјави за медиумите.

 
 
14.07.2016 - 08:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега