Ахмети и Белели разговараа за политичката криза

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово го пречека италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели.
Ахмети и италијанскиот амбасадор Белели разговараа околу последните случувања во преговарачкиот процес за решавање на политичката криза во земјата и отворање на патот за одржување на сеопфатни избори. Ахмети го повтори ставот на Демократската Унија за Интеграција дека датумот на изборите треба да се утврди од кога политичките партии ќе проценат дека се исполнети условите за веродостојни избори.
Во врска со последните случувања тој истакна дека македонските политички партии треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив со цел да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, кој потоа ќе овозможи дополнување на условите со тоа и одредување на датумот на изборите.
Италијанскиот амбасадор високо ја оцени улогата на Демократската Унија за Интеграција во преговарачкиот процес и изрази уверување дека овој придонес ќе продолжи и во надминувањето на последното отворено прашање.
Италијанскиот амбасадор исто така го истакна исчекувањето дека Али Ахмети ќе ги претстави албанците на Македонија за канонизација на Мајка Тереза на 4-ти септември во Рим.
14.07.2016 - 14:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа