Брисел го поздрави напредокот: Бара итно да се реши спорното прашање

 

Брисел го поздрави напредокот што вчера беше постигнат на преговорите во резиденцијата на ЕУ во Пржино, но ги повика партиите итно да најдат одговор и за последното отворено прашање.

Како што јавува Мета, Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија соопшти дека Брисел го поздравува напредокот, но дека итно треба да се реши спорното прашање.

– Го поздравуваме прогресот што партиите го направија за време на вчерашните разговори и ги охрабруваме итно да се договорат за преостанатото прашање, што може да се постигне со неопходна добра волја од сите страни, вели Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија.

Засега не се знае кога претставниците на потписниците на договорот од Пржино ќе седнат на заедничка маса.

 
 
14.07.2016 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега