Димовски се огласи на Фејсбук: СДСМ се дно, се радуваат што армијата пука на свој народ
По вчерашниот обид за државен удар во Турција, реагираше пратеникот Илија Димовски на написите на опозиционерите од СДСМ и членови на т.н. „Шарена револуција“.
„Шарените се радуваат што турската армија пука на турски народ… колкаво дно…“ – реагираше Димовски на Фејсбук.
Ова следи откако Димовски на Фејсбук напиша:
„Двете најголеми турски опозициски партии ЏХП и МХП ја поддржаа Владата на Турција и рамо до рамо останаа во Парламентот (кој беше бомбардиран од армијата) за да ја бранат демократијата и правото на народот да одлучува…така се гради држава!“
16.07.2016 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа