НСДП: Дијалогот меѓу партиите да продолжи на јавна сцена

 

Партијата НСДП смета дека актуелниот формат на преговорите меѓу четирите политички партии по една година не довел до разрешница на политичката криза и оти продолжувањето на дијалогот треба да биде на јавна сцена.

- За македонската јавност да може реално да ги увиди и согледа ставовите на политичките партии во преговорите, НСДП смета дека по едногодишните неуспешни преговори зад затворени врати, созреани се условите за продолжувањето на дијалогот на отворена, јавна сцена, соопшти НСДП. 

Продолжувањето на дијалогот на јавна сцена, според партијата, може да се организира или во Собранието на РМ или во студио на јавниот радиодифузен сервис-МРТ.

- Повеќе од сигурно е дека сите учесници во преговорите не се подеднакво одговорни за агонијата во која се наоѓа државата. Македонија е доведена во апсурдна ситуација, наместо најодговорните политички партии да понудат најбрзи и најпогодни решенија за излез од кризата, со тајните преговори практично ја внесуваат земјава во уште потешка криза. Затоа сметаме, дека отворањето на преговарачкиот процес кон јавноста, ќе доведе до зајакнување на чувството на одговорност на учесниците и брзо решение за излез од ситуацијата, стои во соопштението од НСДП.

 
 
19.07.2016 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега