Партиите пред договор: Избори на 11 декември - СДСМ заминува од Владата по изборите
Петнаесет смени на раководни позиции и 10% од хоризонталните смени направени од 2014 година во МВР. Министрите на СДСМ по изборите си заминуваат од позициите во Владата. Ваков договор е пред потпис на преговарачките тимови, јавува 24 вести повикувајќи се на неименувани извори.
Согласно Договорот новата преодна Влада би требало да се формира на крајот на август, а изборите да се одржат на 11 декември.
За информацијата не може да се добие ниту официјална ниту неофицијална потврда од политичките партии.
20.07.2016 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа