Сотир Костов: Паднаа во вода лагите на СДСМ - нема спорни, туку проблематизирани гласачи од Заев
Веселата математика на Заев тврди дека списокот за изборите ќе има околу 1.500.000 гласачи. Нејасно е како тоа ќе се случи ако се знае дека списокот теоретски може да се намали со максимум 39.502 гласачи, под претпоставка дека сите што се посочени како сомнителни да бидат избришани. Ова за Телеграф.мк го изјавува политичкиот аналитичар Сотир Костов.
– Во списокот нема спорни, туку проблематизирани гласачи само од страна на Зоран Заев. Тој претпоставува дека најголем дел од овие гласачи живеат во странство и дека некој друг гласа во нивно име. Но тоа се само претпоставки и дека сето тоа треба да се докаже. Исто така, се покажа во најголем број станува збор за Албанци, а не за гласачи на ВМРО-ДПМНЕ – објаснува Костов за Телеграф.мк.
Според него, со проверката на Избирачкиот список по којзнае кој пат паднаа лагите во вода на СДСМ. Она што зачудува е фактот што на списокот што го објави Државната изборна комисија најголем дел се Албанци, што во никој случај нема да влијае на крајниот резултат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Дека во СДСМ постои разочараност што не успеаја да ја продадат во јавноста приказната за наводни фантомски гласачи и дека лагите излегоа на виделина, покажа и изјавата на лидерот Заев од пред неколку дена.
Веселата математика на Заев тврди дека списокот за изборите ќе има околу 1.500.000 гласачи. Нејасно е како тоа ќе се случи ако се знае дека списокот теоретски може да се намали со максимум 39.502 гласачи, под претпоставка дека сите што се посочени како сомнителни да бидат избришани од списокот.
До еден милион и петстотини илјади гласачи не може да се стигне дури и ако сите 170.000 гласачи, кои се ставени на посебен извод, не излезат на гласање. Се работи за гласачи кои во најголем дел живеат во странство, но тие во никој случај не го губат избирачкото право.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа