Вознемирувачка прогноза од лекарите за состојбата на Дарко Лазиќ - нови детали
Дваесет и седум годишниот пејач Дарко Лазиќ доживеа сообраќајна несреќа вчера утрината, по што веднаш беше префрлен во Ургентниот центар во Белград, каде лекарите се борат за неговиот живот. Како што пишуваат српските медиуми, пејачот нема да може со недели да застане на нозе.
-Дарко во моментов е во вештачка кома, а според некои прогнози нема да може да застане на свои нозе, околу половина година. Засега најважно е се да биде во ред и тој да се извлече, а наеговите најблиски ќе дадат се од себе, тој што побрзо да се стабилизира и да биде како порано - открива извор до семејството на Лазиќ за српските медиуми.
Лазиќ има повеќе повреди: скршена вилица, ногата му излегла од колкот, скршени ребра и скршеници на ногата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа