Ве боде под левото ребро - докторите предупредуваат, тоа зборува за вашето здравје
Болката под ребрата не е ниту малку ретка појава. Причините за оваа појава можат да бидат многу различни а треба и да обрнете внимание на неколку работи за еветуално да ја спречите.Болка под ребрата од десната страна
Во зависност од тоа колку години има личноста, болката од десната страна може да биде предизвикана поради болка во жолчната ќеса. Под десното ребро најчесто причина е болката во жолчката. Може да биде евентуално и некоја комбинација од гастритис, воспаление на слузокожата на желудникот, така што тие два проблема здружени можат да доведат до голема болка во тој предел.
Болка под ребрата од левата страна
За разлика од болките под ребрата од десната страна болката од левата страна може да биде рефлекција на заболување на многу повеќе органи.
До болката под левото ребро најчесто доаѓа поради панкреасните проблеми. На пример доколку дошло до запушување на каналот на панкреасот или некакво воспаление.
Тоа најчесто им се случува на луѓето кои конзумираат алкохол подолго време. Од левата страна може да се наоѓа и флексура (кривина на дебелото црево) така да доколку нема редовно празнење може да дојде до прободување под левото ребро.
И дијафрагмата исто така може да биде предизвикувач на болката под ребрата. Дијафрагмата е мускул кој е доста важен и кој учествува во процесот на дишењето.
Доста е важно да се обратите кај лекар и да направите ултразвук на стомакот доколку дојде до вакви врсти на болка. Со ултразвукот ќе се види во што точно е проблемот. Дали црниот дроб е зголемен или пак нешто друго е предизвикувач на таквата болка под ребрата. Болка под ребрата од десната страна
Во зависност од тоа колку години има личноста, болката од десната страна може да биде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа