Од болница во манастир: Дарко Лазиќ го менува животот од корен

 

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој пред повеќе од еден месец доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај остана жив, според пишувањата на дел од медиумите во Србија, по излегувањето од болница ќе сврти нов лист во животот.

Иако се бори со тешките повреди, но и апстиненцијалната криза поради наркотици, Дарко по сознанието дека неговата свршеница Марина е бремена, ќе го смени начинот на живот.

Како што пишуваат медиумите од соседството, тој се почесто размислувал, по излегувањето од болница да подлежи на третман за промена на крвта бидејќи верува дека на тој начин ќе го регенерира својот организам и ќе го забрза процесот на опоравување. Тој наводно веќе се распрашувал за процедурата и цената, како и клиниките кои нудат таква услуга, а се консултирал и со докторите кои му го објасниле процесот.

Еден од таблоидите наведува и дека Лазиќ ќе оди во манастир во Црна Река да се лекува од зависност.

-Марина ќе има можност да го посетува Дарко на неколку дена. Со оглед на тоа дека сите сакаат да му помогнат, не е исклучено целото семејство тие неколку месеци да се пресели во Нови Пазар, за да му даде на Дарко поддршка во тешкиот период кој му претстои, пишува таблоидот.

Дел од жолтиот печат во Србија пишува и дека пејачот планира свршеницата да се породи во најдобрата клиника во Швајцарија каде би го продолжиле заедничкиот живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2018 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега