Тригодишно дете оставила на посвојување: После 7 години ја дознала вистината за него

 

Животот на Крис Смит започнал тешко.За време на детинството одела од едно до друго хранителско семејство. Злоставувана и занемарувана, така што воопшто не е чудо што избегала на само 14 години.

Кога имала 17 години го родила синот Метју.Откако го родила се вселила кај човек кој имал проблеми со алкохолот. Таа на Метју немала што да му понуди, па го дала на посвојување.  Тој имал три ипол години, а таа 21.

Во тоа време се одвоила од својот партнер. Наредните 7 години биле неспокојни за неа.  Често немала свој кров над главата, а била и очајна.

Еден ден се се променило за неа. Сопственик на ресторан ѝ понудил работа.

Целиот живот ѝ се променил, сега работела, имала кров над глава, полека својот живот го довела во ред.

Го запознала Џо со кој се веначала и кон неа се однесувал со почит.

Џо ја мотивирал да се обрати во социјалните служби за да дознае нешто повеќе за Метју.

Она што го дознала воопшто не го очекувала.

Метју цели 7 години никој не го посвоил.

Сега мајката која е сосема стабилна, можела да го земе своето дете, односно да го посвои. 

Крис едноставно не можела да поверува дека е конечно заедно со своето дете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега