Вака правилно се чисти куќата со сода бикарбона: Ќе сјае секој детаљ и тоа без мака
Скоро да не постои подрачје во секојдневниот живот во кое содата нема важна функција.
Врвен сојузник во чистењето и одржувањето на хигиена во просторот околу вас.
- Направете биопрашак-печење, така што ќе се измешате 2 дела од вински камен, 1 дел сода бикарбона и 1 дел пченкарно брашно. Освен за исхрана, овој прашок за пециво можете да го користите за чистење на домот. Тоа е одлично сретство за отстранување на дамки од кафе или чај, а не ја оштетува бојата на ткаенината.
-Сода бикарбона може да се употреби како помош при пожари предизвикани од горење масти, дрво, ткаенина, или електрични кабли - кога содата ќе ја истурите на оган.
- Во канта или кеса за ѓубре истурете малку сода бикарбона пред да го ставите ѓубрето во една кесата. Тоа ќе помогне да се отстрани мирисот.
- Дамки од масло и масти ќе ги отстраните од облеката, ако додадете сода бикарбона при миење со вода.
7. При чистење на фрижидерот и замрзнувачот, така што со влажна крпа со сода бикарбона ја бришете површината. Потоа, површината исплакнете ја со обична вода. Во ладилникот и замрзнувачот нема да има непријатен мирис, ако во него се држи отворен сад со сода бикарбона, притоа неопходна е повремено да се промешува. Заменете ја со нова сода секои два месеци.
-Сода совршено елиминира мириси од мачки. На дното од кутијата каде мачките вршат измет ставете сода која се покрива со три пати поголема површина со песок за мачки.
- Во машината за перење секогаш додадете половина чаша сода. Еднаш на секои неколку месеци во вашата маѓина за перење алишта ставете сода бикарбона со лимонтус, и пуштете ја да работи на празно. Ќе се изненадите како ги отстранува миризбите и каменецот.
- Садови за храна и пијалок се мијат во сода вода.
-Плочките во кујна и купатило беспрекорно се чистат со сода бикарбона и сок од лимон. Топла вода ќе ја омекне маснотијата и нечистотијата на плочките, а потоа се употребува подготвената смеса од сода бикарбона и сок од лимон, по што на крајот исплакнете ја површината со вода и избришете ја со сува крпа.
- Измијте мермерна површина со смеса од 3 лажици сода во еден литар топла вода. Дозволете десет минути да легнат и да се создаде смесата, а потоа исплакнете ја површината со обична вода. Пластичните столици и маси можете да ги одржувате на сличен начин, со користење на влажен сунѓер со сода бикарбона. За да го отстраните тешки дамки направете густа паста на сода и вода, избришете ја пластиката добро, и по петанесеттина минути исплакнте со чиста вода.
- Бебешките шишиња одлично ќе се мијат со сода бикарбона растворена во жешка вода, што е хигиенска, здрава и едноставна постапка.
- Чистењето на скара е терор, но може да биде лесно ако решетките се мијат со сода бикарбона. Врз површината на скарата посипете сода, оставете да делува барем еден час, и потоа исплакнете ја со вода.
- Масни подови во гаража и работилница... посипете ги со сода бикарбона, оставете таа да се измеша со маснотиите барем час-два, а потоа со џогер исчитете го подот.
- За да отстраните загорена храна од садовите, во нив ставете раствор од сода бикарбона и вода барем десет минути пред перење во машина. Ако е навистина критично, пред ставање во машина или и без машинско перење, исчистете ги со рака употребувајќи тврд сунѓер или мека жица за чистење садови. Со густа смеса, паста, од сода бикарбона и вода чистете го тостерот и микробрановите печки.
- Мирисот од пепелникот се отстранува со мешавина на сода и вода. Посипете малку сода бикарбона во пепелникот за да се отстрани мирисот на чад и изгаснат пикавците.
- Бања, туш, мијалник и тоалет... се чистат со влажна крпа на која има сода бикарбона. Во ВЦ шољите и одводот на мијланиците секоја недела истурете 4 лажици сода и за да бидат чисти, за да нема смрдеа и непријатни испарувања.
- Да се отстрани мирисот на чевли - патики, чизми, чевли, влечки... туак е сода бикарбона.
-Сода бикарбона спречува лепење на пареа врз стаклото. Ставете сода бикарбона на влажна крпа, избришете ја шофершајбната од двете страни и ќе го видите резултатот.
- Еден стар рецепт за отстранување на сите траги од нечистотии и миризби од тепих со попрскување на сода бикарбона. Ако ви се истурила течност, милениците по дома решиле тука да вршат нужда, или тепихот ви мириса на прашина и влага... испрскајте сода бикарбона врз него навечер, оставете до изутрина, а потоа со правозмукалка исчитете го тепихот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа