Перински му честиташе на Ѓорѓиевски: За Скопје доаѓаат нови времиња

 

Министерот за локална самоуправа Златко Перински му честиташе на Орце Ѓорѓиевски за изборот за кандидат за градоначалник на Скопје.

Пред нас е заедничка обврска – да се ставиме во служба на промените што му се потребни на Скопје. Градот мора конечно да почне да функционира нормално, одговорно и во корист на граѓаните, истакна Перински.

„За тоа да се случи, потребна е силна и јасна победа. Верувам дека тоа ќе го постигнеме заедно.
Неговото искуство во општината и резултатите таму се гаранција дека доаѓаат за Скопје нови времиња – времиња на проекти, развој и работа за граѓаните.
Орце, честитам!
Заедно – до победа!“, посочи Перински.
06.07.2025 - 15:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега