Ова се речениците кои мажот ги кажува ако не ве сака - ако сте ги слушнале знајте дека се ближи крајот

 

Ова се некои од речениците кои мажите често ги изговараат кога повеќе не се заинтересирани за вас. Секако, обрнете внимание на ситуацијата, бидејќи некогаш во кавга кажуваме работи кои не сакаме да ги кажеме. Сепак, ако често ги кажува, запрашајте се:

Прави што сакаш - доколку ви го кажува ова, тоа може да значи дека се дистанцира од вас. Не го интересира што ќе направите и не размислува како да го решите проблемот.

Замислуваш - прво запрашајте се дали само си замислувате или имате право. Често мажите за да ги оправдаат своите грешки знаат да речат дека ви си замислувате.

Ако не ти се допаѓа најди си друг - со оваа реченица покажува дека му е сеедно дали ќе бидете со него или не. Ова може да биде и вид уцена со која може да манипулира со вас.

Не ти верувам - ако вашиот партнер не ви верува и покажува сомнежи тоа може да значи и колку е несигурен во себе.

Тоа е твој проблем не мој - саканата личност треба да биде со вас и да ви помага при решавање проблеми, а доколку не сака значи дека не го интересираат вашите грижи ниту вие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2018 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега