ФОТО: Познатата пејачка падна по скали - има скршени ребра и рака
Пејачката Мел Б, итно е оперирана во една клиника во Лондон, откако скршила неколку ребра и рака кога паднала по скали.
-Благодарност до прекрасните медицински сестри, докторите и мојот хирург, кои ми укажаа големо внимание овде во болницата, откако скршив две ребра и рака, операцијата траеше три часа, поради што сум принудена да ја откажам промоцијата на мојата книга во Њујорк, напиша пејачката.
12.12.2018 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа