Пожар во Грција: Туристите итно се евакуираат
Голем пожар изби денес во шумскиот предел кај местото Ливари, во близина на туристичкото летувалиште Вурвуру на Ситонија.
Во гаснењето на пожарот учествува голем број пожарникари, а жителите и туристите добиле итни пораки со повик за евакуација.На терен се ангажирани 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима. За размерите на пожарот сведочи и фактот дека од воздух помагаат осум авиони и еден хеликоптер.
02.07.2025 - 18:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа