Ова бебе го оставиле во кутија на железничка станица: Десет години подоцна станала гордост за родителите
Девет години откако ја посвоиле, Мекензи доживеала неверојатен момент, кој ги шокирал во позитивна смисла и нејзините родители. Во 2012 година пеела химна за Бејзбол лига, каде ја забележал Марк Карман.
Малата Мекензи имала само еден месец кога била оставена на железничка станица во картонска кутија. Денес таа е гордост за нејзините родители.
Мекензи била пронајдена на време и однесена во сиропиталиште, откако била оставена во картонска кутија. Тааму поминала една година, додека во 2003 година ја посвоило семејство од Тексас.
Кога наполнила 5 години почнале да ја носат на часови по пеење, па дури ѝ вработиле и менаџер.
Девет години откако ја посвоиле, во 2012 Марк Карман, успешен продуцент ѝ понудил на младата Мекензи која тогаш имала само 10 години, договор да издаде свој албум.
Погледнете го видеото за ова преслатко девопјче и уверете се во безусловната љубов на ова среќно семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа