Таа е најбараната личност на Интернет годинава

 

Гугл ја објави листата на нај пребаруваните поими, луѓе и настани во 2018-та година, а на глобално ниво, најчесто пребарувана личност е Меган Маркл.

Пред да стане војвотката од Сасекс, Меган не беше толку позната актерка, а сè се промени кога го запозна принцот Хари.

Повеќето пребарувања за Меган, поврзани се со нејзината венчавка со принцот Хари, во мај оваа година, а поимот „кралска венчавка“ е четвртиот најпребаруван поим на Гугл, на глобално ниво.

Втората најпребарувана личност е Деми Ловато, а после неа се Силвестер Сталоне, јутуберот Логан Паул и Клои Кардашијан.

Светското првенство, односно „World cup“, бил најпребаруван поим во светот оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега