ВИДЕО: Кралицата Елизабета ги разбесни Британците со честитката - сите зборуваат за еден детаљ зад неа

 

Кралицата Елизабета Втора упати честитка за Божиќ до Британците, но предизвика голем број негативни реакции поради позлатениот клавир во позадина.

Пораката е снимена во Белата соба за примање гости, во богато декорираната Бакингемска палата. Зад неа во кадар се гледа златен клавир, кој е во палатата уште од 1856 година, кога кралицата Викториа го добила на подарок.

Освен тоа кралицата носела златен брош, рубин и дијамнт кој ги добила на подарок од својот сопруг во 1966 година.

Многу Британци на друштвените мрежи не го сокрија своето незадоволство со овој приказ на кралскиот раскош, обвинувајќи ја кралицата за лицемери, со оглед на тоа дека дека во своето обраќање зборувала и за друштвените проблеми.

„Ми се допаѓа делот кога таа седи на златно столче во златна соба, со златна решетка за жар, со златен часовник пред златно огледло крај златен клавир, пишувајќи со своето златно перо, зборувајќи за сиромаштија“, гласел еден Твит.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега