Цел живот овие работи ги правите погрешно - заблуди за одмрзнување на автомобилот кои само ви штетат

 

Сите возачи главно користат гребалки, а за секое стакло да биде чисто и видливоста низ нив да биде добра, потребно е доста време.

На возачите преку зима не им е лесно, бидејќи мораат да водат сметка за многу работи - дали антифризот е исправен и отпорен на замрзнување, дали во возилото имаат течност за стакло која не замрзнува, сите гумени делови да бидат намачкани, бравите заштитени, гумите во добра состојба и тн. Сепак она што најмногу им задава проблем на возачите и замрзната шофершајбна наутро.

Еден совет може многу да ви помогне. Потребно ви е алкохол, некои препорачуваат оној од 90%. Покрај алкохолот потребно ви е малку сјај за садови и топла вода. Од овие состојки направете спреј кој ќе ви помогне при одмрзнување.

Исто така, потрудете се кога ќе се паркирате, да ги избришете и добро да ги исушите стаклата. Тоа ќе помогне да не се создадат наслаги, но и кога ќе биде многу ладно, тој слој да не биде голем.

Стаклото мора да го заштитите. Прекријте ја шофершајбната со картон или стар штитник за сонце, кој ќе го прекрие целото стакло.

Стаклата на ретровизорите може да ги заштитите со хартиена или најлонска кеса, која ќе ја прицврстите со гумичка за коса, па утрината ќе ве дочекаат чисти ретровизори.

Голема заблуда е дека стаклата треба да се полеваат со топола вода, бидејќи така може да дојде до големо оштетување на истите, пред да ги одмрзнете.  За себе да не се доведете до дополнителен трошок за да купите нови бришачи, бидејќи се скршиле поради замрзнување, под нив оставајте парче картон, па дури и малку подобела кеса, а можете да ги оставите и кренати додека возилото е паркирано.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега