„Браник му го пресече рамото и вратот„- Цеца откри кој и бил најстрашен момент во животот
Познатата српска фолк пејачка Цеца се присети на најлошиот момент од нејзиниот живот, после смртта на нејзиниот сопруг Аркан.
-Најлош момент ми беше кога Вељко имаше сообраќајка на Кипар, а јас не можев да отидам зошто имав „алка“на ногата, ни сестра ми ни јас не можевме да мрднеме- раскажала пејачката.
-Цела ноќ бевме на „Скајп“. Тоа е страшно за една мајка, да не можеш да бидеш со своето дете. Брат ми се јави и ми кажа дека на Вељко му е пресечен вратот и рамото со браникот од автомобилот. Умрев од страв, тоа ми е најлош момент во животот, не можев ништо да превземам- рекла Цеца за српскиот магазин „Скандал“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа