Се разведува најбогатиот човек на светот: Сите се прашуваат колку милијарди ќе и припаднат на неговата сопруга

 

Парот во заедничко соопштение навел дека се разведува по долгогодишен одвоен живот.

Извршниот директор на "Amazon", Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи Безос, на Твитер објавиле дека се разведуваат откако неколку години живееле разделено. 

Тие соопштиле дека ќе останат пријатели.

"Се чувствуваме среќни што се пронајдовме еден со друг и благодарни се за секоја година која заедно ја минавме во брак. Имавме одличен живот како брачен пар. И по разводот ќе останеме семејство и блиски пријатели", се вели меѓу другото во заедничкото соопштение.

Безос, основач на "Amazon" и сопственик на "Washington post" е еден од најбогатите луѓе на светот. Својата сопруга Мекензи ја запознал во 1992-ра година во текот на разговор за работа, кога бил "само потпретседател" на инвестициски фонд.

Се венчале по една година врска и во брак минале 26 години.

Богатството на Безос скокнало на повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговото учество во "Amazon".

Amazon.com оваа недела станала највредната компанија на "Wall Street", надминувајќи го "Microsoft".

Неколку часа по објавата дека се разведуваат медиумите објавија дека тој со месеци имал афера со водителката Лорена Санчез.

Компанијата е основана во 1994-та година е најголема светска интернет продавница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега