ВИДЕО: Камера сними морничава сцена - возилото уништено, жена со тешки повреди

 

Нела Летијери (53) возела по автопат низ Мелбрун во Австралија и едвај преживеала несекојдневна несреќа.

Имено, дека никогаш не сме сигурни, а особено додека возиме се уверила ова жена на најлош можен начин. Додека возела „од небо“ ѝ паднал огромен сообраќаен знак.

Знакот кој бил прицврстен над патот, паднал точно пред нејзиното возило и го поклопил автомобилот.

Возилото е уништено, а жената преживеала иако се здобила со тешки телесни повреди. Моментот на падот на знакот го снимила камерата од автомобилот кој возел зад неа.

Жената за среќа успеала да одржи контрола над воланот и да не го загрози ниту својот, ниту животот на другите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега