Карактеристики кои детето ги наследува од таткото
Гените се чудо, а нивната рекомбинација при создавање на нов живот тешко може да се предвиди. Генетиката е обемна дисциплина што се занимава токму со гените, нивното пренесување и како едно дете наследува особини од своите родители.
Сепак, чиста случајност е која карактеристика детето ќе ја наследи од мајката, а која од таткото, освен овие четири случаи:
1. Полот – во моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајцеклетката, се одредува и полот на детето. Машката полова клетка содржи X и Y хромозома, додека пак женската два X хромозома. Затоа, единствено од таткото зависи дали ДНК на јајцеклетката ќе се рекомбинира со X-хромозом (кога се раѓа девојче) или пак со Y-хромозомот (кога родителите добиваат момче).
2. Рефлексот на кивање поради светлина – ако секогаш кога ќе погледнете во запалена светилка или во сонце и ви доаѓа да кивнете, тоа сте го наследиле од вашиот татко. Ваквиот чест таканаречен синдром е наследен, но и покрај тоа има луѓе кои не киваат кога ќе погледнат во светлина.
3. Отпечатоците на прстите – иако секоја личност има свој единствен отпечаток, доколку се споредат, ќе се пронајдат многу повеќе сличности со отпечатоците на таткото, отколку со оние на мајката.
4. Далтонизам – ова ретко пореметување е карактеризирано со непрепознавање на бои, туку само на нијанси. Најчести носители се мажите, па поголема е веројатноста да го пренесат на своето потомство, особено на машкото.
Бојата на очите, висината и кривите заби исто така се наследуваат од таткото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа