Покрај другите детали од неговиот живот, објавено и колку плата зема Путин
Рускиот претседател Владимир Путин е еден од најмоќните луѓе во светот, поради што многумина се заинтересирани за неговиот приватен живот, патување, хоби, дружење, богатство, настани со соработниците …
Тој се обидува да не ја изнесува својата приватност во медиумите, но некои детали истекуваат одвреме-навреме.
Неговата плата изнесува 137.000 долари годишно, што според некои стандарди е скромна плата за еден претседател. Путин еднаш рекол дека многу скромно живеел како дете и дека неговите родители живееле само од својата плата.
Светските медиуми велат дека Путин всушност е многу богат, односно тој е еден од најбогатите луѓе во светот.
Според поранешниот заменик-премиер, Путин, наводно, поседува 20 вили, 4 јахти, 58 авиони и часовник во вредност од половина милион долари.
Владимир Путин утрото го посветува на своите омилени активности, па дури потоа се посветува на својата работа. По будењето, Путин најчесто појадува омлет и голема чинија каша и сирење, но исто така и кисело млеко, а за имунитетот јаде јајца од препелица.
Покрај тоа, тој пие сок од цвекло и рен. Интересно е тоа што повеќето од намирниците потребни за неговата исхрана, Путин ги добива од фармата на рускиот патријарх Кирил. Путин е љубител на кафе, а по пиењето кафе се посветува на физички вежби.
Рускиот лидер сака да јаде зеленчук како домат, краставици и салата. Иако обожава овчо месо, Путин почесто ги избира рибите. Од друга страна, тој е сосема рамнодушен кон слатки, но сладоледот е негова голема страст.
На прв поглед, се чини дека Путин јаде вообичаена храна и дека не е пребирлив, но не е така. Људмила Путин го опиша како многу пребирлив во храната и додаде дека ако во неговата чинија има некој „детаљ” што не му се допаѓа, тој ќе одбие да јаде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа