Тажен понеделник: Денеска е „најлошиот" ден во цела година кој сите сакаат да го прескокнат
Денешниот ден 21. јануари, Понеделник, се смета за најтажен и најдепресивен ден во годината - наречен е „тажен понеделник".
Секоја година паѓа на третиот понеделник од стартот на новата година, а оваа теорија ја воспоставил психологот Клиф Арнал кој тврди дека ова е точно поради неколку фактори.
Прво, празниците и славењето се завршени, второ сите се вратени на работа и секојдневни обврски, и трето сфатиле дека не секоја новогодишна цел и желба ќе се оствари.
Меѓу сето тоа, и летото е сеуште далеку.
Дали вие се согласувате со ова тврдење на психологот?
21.01.2019 - 16:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа