Најубавиот маж на светот објави фотографии од својата баба, откриено зошто е омилен кај дамите
Иако глумеше како убиец во серијата "Game of Thrones", Џејсон Момоа е многу нежен кога ќе се исклучат камерите. Тоа го докажа со помош на неколку симпатични работи кои ги правел за фановите, но и со фотографиите на кои позира со својата баба.
Џејсон на својот профил на Инстаграм сподели фотографии на кои тој и неговата баба се насмеани и опуштено уживаат во домашна атмосфера.
"Морав да се вратам дома во Ајова и да ја поздравам мојата баба. Алоха! Ќе те сакам засекогаш бабо!", напиша во описот.
Фановите го опсипале со коментари за тоа колку се воодушевени со неговите фотографии. Некои додале дека тој постојано ги изненадува со неговото внимание и дека сега уште повеќе го сакаат и почитуваат.
Глумецот упорно докажува колку е скромен и опуштен, иако неговиот последен филм "Aquaman" собори рекорди и се најде на листата на филмови кои заработиле повеќе од милијарда долари, а на која сега има само 37 филмови.
Откако добил информација дека филмот заработи повеќе од милијарда долари, Џејсон им се заблагодари на продуцентите и авторите на филмовите и фановите кои го поддржувале додека го снимал и промовирал филмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа