Запрена потрагата по авионот: Сала му се јавил на соиграч од авионот и му соопштил ужасна вест

 

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и неговиот пилотот и понатаму се водат како исчезнати, а потрагата по авионот е запрена и треба да продолжи утре.

Неговите другари од поранешниот клуб и неговиот тренер се во шок.

– Вчера бевме заедно овде во клубот. Дојде да се поздрави… И сега ова…, во шок е тренерот на Нанта, Вахид Халихоџиќ.

– Свесни сме дека големи се шансите вистината да биде тешка. Ова е голем шок за сите. Тој е олицетворие на тоа како треба да биде еден човек, додал поранешниот негов тренер.

Фудбалерот непосредно пред исчезнувањето се слушнал со еден негов соиграч.

Никола Паола, откри нешто морничаво. Тој изјави дека Емилијано му се јавил пред исчезнувањето на авионот.

– Тој ми рече: „Возењето е незгодно, се плашам…“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега