Жена која не престанува да шокира: Прима инјекции за да стане црна, а од своето дете го очекува ова
Германскиот модел, 30-годишната Мартина Биг веќе две години е на инјекции меланин. Имено нејзината желба е да биде црна за да се идентификува со популацијата во Африка. Мартина гостувала во утринската програма „This Morninig" на биртанската телевизија ITV и раскажала дека очекува дека и нејзиното дете ќе биде со „иста нијанса на кожата како и нејзината“.
Мартина рекла дека нејзиниот лекар ѝ потврдил дека ќе роди бебе кое ќе има слична боја на кожа како нејзината.
„Моите деца ќе бидат црни. Во моментов разговарам со лекари дали ќе биде добро да дојам, дали моето тело е подготвено“, објаснила Мартина и ги шокирала водителите.
Кога водителското дуо ѝ објаснило дека генетски е невозможно и дека нејзините бебиња ќе бидат бели, таа им рекла:
„Ќе бидат микс од мене и мојот сопруг. Сигурна сум дека ќе бидат темни, или чоколадни или малку потемни. Впрочем и не е ни важно“.
Таа тврди дека поради инјекциите меланин косата ѝ расте побрзо и дека ѝ е виткана, дека веѓите и бојата на очите ѝ се промениле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа