Тие се најголема страст на Путин: Претседателот поседува колекција од нив, вредна половина милион долари
Рускиот лидер Владимир Путин прд неколку дена беше во посета на Србија, а неговата посета предизвика големо медиумско внимание, а покрај политичките детали, големо внимание привлекоа и неговите модни избори.
Многумина можеби не знаат дека најголема страст на Путин се луксузните и скапи часовници, а поседува и колекција во вредност од повеќе од 550.000 евра.
При посета на Србија тој го носеше еден од неговите омилени часовници, модел од лимитирана серија “Blancpain Grand Date Aqua Lung” кој го поседува повеќе од една деценија, а чини околу 10.000 евра.
Во неговата колекција најскап часовник се верува дека е часовник изработен од крокодилска кожа “Tourbograph” од германскиот бренд “A Lange&Sohne” кој чини 340.000 евра, а посебно му е драг и оној од бело злато од брендот “Patek Philippe” кој чини 45.000 евра.
Според „Дејли Меил“ неговата колекција часовници чини десет пати повеќе од неговата годишна заработка како претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа