ВИДЕО: Населба полна со напуштени вили изгледа морничаво - тука никој не живее, а вложени се милиони

 

Населба во Турција, Бурј Ал Бабас изгледа како гробишта со мали дворци.

Идејата била да се изгради населба со вили во готски стил., но плановите пропаднале и од сето тоа останале само готските вили кои на едно место изгледаат малку морничаво.

Во овој проект вложени се повеќе од 230 милиони долари, а замислено е како населба со 732 вили,, хотел, џамија и јавни простории во покраината Болу.

Изградбата почнала во 2011 година, а за вилите главно се интересирале Арапи.

Меѓутоа, работите се искомплицирале кога против инвеститорите е подигната тужба за уништување на околните шуми и фрлање на отпадот во околното подрачје.

Во 2016 година покрената е истрага, а пред да биде завршен проектот. компанијата прогласила банкрот и продажбата на вилите е запрена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега