Почина режисерот Душан Макавеев

 

Југословенскиот режисер,  Душан Макавеев, почина во Белград,  во 87. година од животот.

Славниот контроверзен режисер, е роден 1932 година во Белград, а дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград.

Макавеев е еден од основачите на така наречениот црн бран во југословенскиот филм, а во неговите дела безмилосно и смело ги критикуваше како комунистичкиот, така и капиталистичкиот систем.

Негови најпознати филмови се: Парада (1962), Човекот не е птица, Љубовниот случај или трагедијата на службеничката  од ПТТ (1967), Невиност без заштита (1968), Ми недостига Соња Хени (1972), Sweet Movie (1973), Горилата се капат на пладне  (19933) и е добитник   на голем број домашни и меѓународни признанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега