Апел за помош за лекување на Момо Николовски - македонскиот пејач сериозно болен

 

На македонската музичка легенда Момо Николовски му е потребна итна помош поради сериозноста на болеста од која боледува. Колеги на социјалните мрежи апелираат кој е во можност да уплати сума пари на банковната сметка на Момо Николовски, бидејќи му е потребно итно лекување. Исто така, ќе бидат органзирани хуманитарни концерти, а ќе бидат отворени и донаторски кутии на концертите на кои настапуваат колеги на доајнот на македонската народна музика.

-Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769, пишува музичарот Сашо Ливрински.

Во тек е отворање донаторски телефонски броеви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2019 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега