Забремениле во исто време: Осум медицински сестри родиле една по друга (фото)

 

Осум работнички во болницата Андерсон во Илиноис во рок од пет месеци родиле 8 бебиња.

Од јули до декемви, седум сестри од породилиштето и една техничарка станале мајки.Со „Бејби бум“ се пофалиле и на Фејсбук, објавувајќи фотогарфија на која тие позираат заедно со своите бебиња.

Блиските колешки пријатно се изненадиле кога дознале дека нивната 40- годишна колешка Сузан е бремена 18 недели.Вистинскиот шок следувал откако со истата вест се појавиле и Сара и Ребека.

„Најпрвн мислевме дека е супер што колешки, пријателки се бремени во исто време, но за кратно бројот достигна до 8, свативме дека ова ќе не поврзе засекогаш“рекла една од сестрите која се пордоила на 24 октомври.

„Беше возбудливо зошто знаевме дека на свет ќе дојдат неколку бебиња. Не можевме да дочекаме, но сите се родија зиви и здрави, едно по друго“ се присетила Ленв.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега