Мајка со својот син завршила во гасна комора: На помалиот син оставила писмо, а тој го прочитал после 20 години
Само неколку секунди пред смртта напишала писмо на своето семејство и го дала на чуварот со надеж дека ќе го испрати на вистинската адреса. За среќа тој тоа и го направил.
Многу години подоцна после смртта на родителите на Френк, одлучил да го прочита писмото, кое го подаил на Музеј на Холокаусот во САД.
-Мојата мајка секогаш знаела да ги процени луѓето, па затао и знаела да го одбере и чуварот кој ќе го испрати нејзиното писмо. Неколку месеци подоцна тој се нашол со таткото.
-ми кажа дека има писмо од мајка ми, што го напишала пред да умре. Тоа беше проштално писмо во кое мојата мајка ми посака да поминам најдобро што можам. Тогаш имв 12 години и не можев да го прочитам. Ме болеше самата помисла на тоа- објаснил Френк.
„Тебе единствен мој, во изолација сме и чекаме таму. Рамизлував да се криеме, но одлучивме да не го направиме тоа, зошто секако е безнадежно. Камионте веќе стигнаа и сите го чекаме неизбежното. Потполно сум мирна. Направивме се што можевме. Останете живи, а запамете ги и моите зборови, времето лечи се. Води сметка за помалиот брат и немој многу да размислуваш
До вечност Вилма“пишувало во писмото.
Френк писмото го предал во музеј и му рекле дека тоа е единдтвеното сведоштво за менталното здравје на затворениците од тој период.
„Се сеќавам дека и раскажував на мојата сопруга и и велев дека се плашам дека мојата мајка ќе биде заборавена, но сега знам дека таа засекогаш ќе остане запаметена“ рекол Френк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа