Пиете кафе на празен желудник - докторите предупредуваат што може да ви се случи
Дали кафето е здраво за нашиот организам, е прашање кое експертите често го поставуваат.
Секако, тоа пружа бројни погодности во организмот, но постојат некои работи на кои мора да обрнете внимание.
Кафето е важен антиоксиданс, па дури е и докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни ќелии, но доколку кафе пиете на празен желудник, тогаш и не е толку позитивно.
Шолја кафе на празен желудник потикнува создавање на желудечни киселини што посебно не им одговара на луѓето со гастритис. Дури ни здравите стомаци не се поштедени, бидејќи зголеменото лачење на киселини може да предизвика непријатност за време на јадењето и пречки при варењето на храната.
А, протеините кои не успеваат да се сварат, предизвикуваат подуеност, киселина, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебело црево. Затоа експертите препорачуваат пред да се пие кафе, да се јаде барем банана или кришка леб.
Ако веќе не можете да јадете наутро, тогаш барем разблажење со чаша млеко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа