ФОТО: Пејачот Момо Николоски е во болница - неговата сопруга објави фотографија
Откако беше објавено дека македонскиот фолк-пејач Момо Николоски боледува од рак на желудникот, неговата сопруга Валбурга Батева објави прва фотографија од него од болница.Таа им се заблагодари и на сите хумани луѓе што донираат средства за Николовски да оди на лекување.
„Ајде мило мое… моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човек – мојот човек“, напиша сопругата на Николоски на „Фејсбук“.
Веста за болеста на фолк-пејачот минатата недела прв ја објави музичарот Сашо Ливрински, кој побара донации за лекување на Момо.
-Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769, пишува музичарот Сашо Ливрински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа