Испратила 100.000 пораки, му провалила дома, се соблекла гола и легнала во када- сето тоа по еден состанок

 

Жаклина Адес, од Аризона е уапсена откако „прогонувала“ богат бизнисмен, по само еден состанок со него.

Парот се запозналпреку апликација за запознавање на социјалните мрежи, а после првиот состаок девојката се „загреала“ и сакала да ја продолжат врската, но тој не.

Во текот на наредите неколку месеци таа ми испратила повеќе од 100.000 пораки, понекогаш и повеќе од 500 во денот.

Бизнисменот вели дека одговорил само на неколку на кои морал.

„Ќе ги претворам твоите бубрези воо суши“ му напишала Адес, а на тоа бизнисменот пријавил во полиција, од каде е блокиран нејзиниот број, па таа започнала да му пишува од дрѕги броеви.

„Ќе умреш“, „ ми требаат пари и ти ќе ми дадеш“, „Ќе те пријавам“.... биле само некои од пораките кои му ги испраќала.

Адес отишла дотаму па и му провалила дома, се соблекла гола и легналча во када. Кога полицијата пристигнала ја нашла Адес гола со вино и храна, а во нејзиниот автомобил е пронајден нож.

Таа е уапсена после овој случај.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега