Неработни денови до крајот на 2025 година: Еве кога следуваат продолжени викенди

 


По Духовден и одморот на 6 јуни, граѓаните на Македонија ќе треба да почекаат подолго за следниот неработен ден. Иако 2 август е државен празник, тој се паѓа во сабота, што значи дека повеќето нема да имаат дополнителен слободен ден.

 

Следниот неработен ден е 28 август.

За сите граѓани на РСМ

2 август (сабота), Ден на Републиката, 
8 септември (понеделник), Ден на независноста, 
11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”. 

За граѓаните од православна вероисповед

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 

За граѓаните од католичка вероисповед 

1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.  

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ 

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците  

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик. 

24.06.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега