Српскиот водител крвнички ја претепа бремената девојка, по што таа го изгуби бебето - граѓаните запрепастени
Влада Станојевиќ не смее да се врати во Србија поради потерница. Полни четири години водителот успева да избегне судски рочишта поради тоа што во февруари 2015 година ја претепа фитнес шампионката Ана Марија Жујовиќ, која тогаш бил во четвртата недела од бременоста и го изгубила нивното бебе.
Жујовиќ не се откажува од правдата и на друштвените мрежи напишала дека не е ниту ќе биде нечија жртва.
„На денешен ден пред точно 4 години...Живеам овде во преубавата Србија, но некои работи и понатаму не функционираат. Жените, но и мажите се и понатаму незаштитени од агресија на 2посилните“. Правда не постои или барем не уште. Случајот не е решен....Не сум и нема да дозволам да бидам жртва, повредена сум, но давам се од себе од ова да излезам како победник“, порачува Ана Марија.
Станојевиќ своевремено упорно ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека никогаш никој физички не нападнал, туку дека таа добила модрнка затоа што ја турнал во пределот на лицето. Кога дошло време да одговара пред судот, ги спакувал куферите и заминал во САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа