Балканската пејачка очајна: Имам 29 години, моето дете расте, а јас не знам дали ќе бидам жива
На пејачката Ника Антолос, некогашна членка на популарниот бенд „Феминем“ кој во 2010 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, лекарите и дијагностицирале мултиплекс склероза, со која со тешка мака секојдневно се бори.
-Се почна така што не ги чувствував нозете, а после почна да се влошува. Почнав да не гледам на левото око. Сите други симптоми, невозможно е да ги набројам. Тоа толку боли. Секоја ден чувствувам замор, вртоглавица, мачини, раскажала Ника.
Таа објаснила дека најтешко и паѓа што нејзиното дете расте, а таа не знае што ќе се случи.
-Најстрашно е што денеска кога имам 29 години не знам дали ќе бидам жива, во количка, се уште во болки, или подобра со 30 години. Немам поим. Моето дете расте, а јас не можам да и ветам дали ќе бидам тука за една, две години, или нема, очајна е пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа