ВИДЕО: Аца Лукас се огласи по сообраќајката која ја доживеа - „Што ако загинев?“
Аца Лукас со својот автомобил налетал на задниот дел од автобус и при таа прилика го искршил својот ретровизор. Излегол од џипот, ги собрал искршените остатоци, па заминал по својот пат. Возачот на автобусот ги известил надлежните, а изјавал дал човек кој на лице место го препознал Лукас.
По несрерќата се огласи и пејачот.
-Ми рекоа да почекам на увид, а јас им реков „Види, поскапо ми е цел ден да чекам увид и да трчам по разноразни установи...Јас ќе го решам тоа“, изјавил за „Ексклузивно“, каде исто така видно изнервиран го искоментирал доаѓањето на полицијата во неговиот дом.:
-Што ако загинев, не дај Боже, негде попат да речеме и сега да речеме...што ќе им кажеше на луѓето? Да ме изнесат надвор мртов од автомобил и да ме стават во ковчег, на бина“, рекол Аца.
Лукас рекол дека нема да плати никаква шетата затоа што е минимална.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа