76 години лежел на океанското дно, пронајдени остатоците од легендарен американски носач
На 26-ти октомври 1942 година, американскиот носач на авиони “USS Hornet” бил погоден во борба со Јапонците во битка за островот Санта Круз.
На него се наоѓале 2.200 членови на посадата, од кои 140 починале тој ден. Тоа било последен пат некој да го види “USS Hornet”… сѐ досега. Тим на истражувачи ги откриле остатоците од авионот на длабочина од 5 километри на Соломоновите острови. Тој лежел на океанското дно повеќе од 76 години.
Истражувањето го финансирал еден од коосновачите на Мајкрософт, Пол Ален. За да ги пронајдат остатоците, истражувачите користеле архивски податоци од 9 американски воени бродови кои тие денови го имале носачот на авиони на видик. Со тоа успеале да ја реконструираат последната позната локација на “USS Hornet”.
Тимот испратил робот кој ги открил остатоците на својата прва мисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа